Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
Студентски пулс - 17 епизода, прва сезона - Колку и каде сме безбедни?
Студентската емисија изразува длабоко сочуство до семејствата на загинатите млади кои беа херои со една желба, а тоа беше да живеат. Вечна им слава! Во 17 епизода на емисијата Студентски пулс разговаравме со проф. д-р Горан Марковски, декан на Градежниот факултет во Скопје и поставивме низа прашања во поглед на безбедноста, но и за тоа како да се заштитиме. Ставивме акцент на едукацијата во сите полиња, но и дојдовме до некои заклучоци дека сите ние треба да играме улога во заштитата е превенцијата. Живееме во време каде што ги конзумираме зрелите плодови на тридецениската корупција. Како да бидеме побезбедни? Каде да одиме, а да не се плашиме од тоа дека нема да бидеме следни на листата на корупцитивните злодела кои одземаат животи? Ги конзумираме зрелите плодовите на тридецениската корупција. Небезбедни, исплашени, стравуваме. Кој ќе ја гарантира нашата сигурност? Дали сме безбедни по улиците по кои одиме, дали сме безбедни во нашите домови, дали сме безбедни на местата каде поминуваме време и сакаме да се забавуваме и одмориме. Сепак кошмарите од ден на ден навираат се повеќе. Главното прашање е: Дали сме безбедни барем некаде каде ќе зачекориме? 📹 Eмисијата е снимена во Мултимедијалниот центар на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје ♦️Емисијата е поддржана од VIBE ON пакетот за млади на @sparkasseMK 👗 За стајлингот во оваа емисија се погрижи брендот @Sinsay кој е бренд на младите, со најповолни цени достапни за сите. ➡️ Заследете ги нашите социјални мрежи: Instagram: / studentskipuls.ukim Tiktok: / studentskipuls.ukim Facebook: / ussukim Spotify: