Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
Студентски пулс - 18 епизода, прва сезона - Соочување со траумата како прв чекор кон самопомошта
Во 18 епизода на емисијата Студентски пулс разговаравме со Розалија Секолуска, лиценциран психолог и психотерапевт. Ја отворивме темата за пострауматското стресно растројство како и насоките за негово препознавање и лекување. Траумта може да ни се случи на секој од нас. Сите ние во секојдневието може да се соочиме со најразлични настани кои може да ги доживееме како траума, но сепак најважно е да препознаеме дека нешто не е во ред и да пристапиме кон самопомошта, а понатаму и да се обратиме за дополнителен разговор со професионално лице. Секој од нас игра важна улога во животите на нашите блиски. Да пружиме рака кога тоа е најпотребно, да ги сослушаме, и да премолчиме, ако немаме одговор, едноставно да бидеме тука со полно срце и разбирање. Луѓето кои доживуваат траума најчесто и да не се свесни, во моментот на доживувањето на шокот е потребно да се размислува на вистински начин, па понекогаш советот за прошетка, физичка активност може да биде вистинско моментално решение. Потребно е да излеземе од оковите на стереотипите за психолозите и психотерапевтите, бидејќи само така ќе можеме да побараме вистинска помош од лица кои се имаат посветено во пребродувањето на тешките ситуации во животите на луѓето кои имаат потешкотии. Лекувањето на траумата не треба да биде осудено, туку поддржано со емпатија и разбирање. Не заборавајте да се претплатите на нашиот канал и да оставите коментар со вашите размислувања! Вашето мислење е важно за нас! (И не не ги гасиме ние коментарите сами, Јутјуб решава така) Доколку пак се исклучени, слободно пишете ни на една од социјалните мрежи! 📹 Eмисијата е снимена во Мултимедијалниот центар на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје ♦️Емисијата е поддржана од VIBE ON пакетот за млади на @sparkasseMK 👗 За стајлингот во оваа емисија се погрижи брендот @Sinsay кој е бренд на младите, со најповолни цени достапни за сите. Тренди парчиња од casual до night out варијанти, сето тоа може да го најдете во продавниците на Sinsay, но и онлајн на нивната веб-страна. ➡️ Заследете ги нашите социјални мрежи: Instagram: / studentskipuls.ukim Tiktok: / studentskipuls.ukim Facebook: / ussukim Spotify: