Студентски пулс - 16 епизода, прва сезона - Дали професор кој има кривично дело треба да предава?

Во 16 епизода на емисијата Студентски пулс разговаравме со Магдалена Николовска, актуелната правобранителка на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и Данило Крстовски претседател на Факултетското студентско собрание на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Најпрвин поразговаравме за тоа „Колку вреди денес да се студира право и политички студии?“, но и дали по завршување на студиите работата е загарантирана. Каква е праксата кај овие две општествени науки, и како понатаму да се надогради знаењето. За условите на Правниот факултет „Јустијан Први“ во Скопје зборуваше претседателот Данило Крстовски и ги посочи актуелните проблеми со парното, но и покачување на трошоците при упис на семестар. Како една од поконтроверзните теми беше и предавањето на професори кои имаат кривични дела позади нив. Дали ТРЕБА или НЕ ТРЕБА? Не заборавајте да се претплатите на нашиот канал и да оставите коментар со вашите размислувања! Вашето мислење е важно за нас! (И не не ги гасиме ние коментарите сами, Јутјуб решава така) Доколку пак се исклучени, слободно пишете ни на една од социјалните мрежи! 📹 Eмисијата е снимена во Мултимедијалниот центар на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје ♦️Емисијата е поддржана од VIBE ON пакетот за млади на @sparkasseMK 👗 За стајлингот во оваа емисија се погрижи брендот @Sinsay кој е бренд на младите, со најповолни цени достапни за сите. Тренди парчиња од casual до night out варијанти, сето тоа може да го најдете во продавниците на Sinsay, но и онлајн на нивната веб-страна. ➡️ Заследете ги нашите социјални мрежи: Instagram:   / studentskipuls.ukim   Tiktok:   / studentskipuls.ukim   Facebook:   / ussukim   Spotify:

Смотрите также