Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
Студентски пулс -15 епизода,прва сезона- Која е иднината на лекарите и специјализанти во Македонија?
Во 15 епизода на емисијата Студентски пулс разговаравме со д-р Александра Георгиева, претседателка на Здружението на лекари и специјализанти и Надица Танчева, претседателка на Факултетското студентско собрание на Медицинскиот факултет во Скопје. Зборувавме за студирањето медицина во Македонија, но и што потоа. Ја опфативме разликата помеѓу државните и приватни специјализанти, но и зошто не треба да има таква поделба, како и за проблемите со кои се соочуваат идните во делот на вработувањето. Надица ни објасни како фунцкионира Медицинскиот факултет и во какви се организации студентите на медицина на кои може да се приклучат. Условите во јавното здравство треба да се менуваат, како и условите за студентите и специјализантите. Македонија има 600 приватни специјализанти кои се уште чекаат барањето за вработување да им биде исполнето, ветување од министерството за здравство има, но дали ќе се исполни? Претседателката Александра ни објасни низ каков се процес поминувале специјализантите, но и со што се уште се борат за да имаат подобра иднина. Надица е студент на медицина, сака да остане во државата и да го продолжи своето образование, но не по секоја цена. Уште многу, многу теми опфативме, затоа кликнете слушајте не и гледајте не! Не заборавајте да се претплатите на нашиот канал и да оставите коментар со вашите размислувања! Вашето мислење е важно за нас! (И не не ги гасиме ние коментарите сами, Јутјуб решава така) Доколку пак се исклучени, слободно пишете ни на една од социјалните мрежи! 📹 Eмисијата е снимена во Мултимедијалниот центар на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје ♦️Емисијата е поддржана од VIBE ON пакетот за млади на @sparkasseMK 👗 За стајлингот во оваа емисија се погрижи брендот @Sinsay кој е бренд на младите, со најповолни цени достапни за сите. Тренди парчиња од casual до night out варијанти, сето тоа може да го најдете во продавниците на Sinsay, но и онлајн на нивната веб-страна. ➡️ Заследете ги нашите социјални мрежи: Instagram: / studentskipuls.ukim Tiktok: / studentskipuls.ukim Facebook: / ussukim Spotify: