Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
Стар Дојран се наоѓа на три километри јужно од поголемата населба Нов Дојран, а оддалечен е и неколку километри од Егејска Македонија. Стар Дојран со Дојранското Езеро и прекрасната средоземна клима, има одлична местоположба. Во V век п.н.е. долината на Празијас (сегашното Дојранско Езеро) ја населувале Пеонци. Тие живееле „на“ Езерото. Во дрвени колиби заградени со трска и поставени на скели кои се потпирале на долги дрвени колци. Со копното ги поврзувале единствено корабите со кои управувале многу вешто заради што најчесто и обидите на освојувачите (Персијците) биле безуспешни. Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Стар Дојран има 413 жители.