Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
Дојран со убавина мами и со љубов ве кани, ДОЈДИ Секаде појди но во Дојран дојди. Во мене има убавина за очи мир за душа сонце врело и лек за сечие тело. Лечам реума, бронхитис, астма и најново, се борам храбро со корона вирусот многу смело Ако не верувате дојдете и проверете на дело. Видео: Душко Демерџиев-фото ДОЈРАН Музика: Текст , аранжман и изведба: Славчо Спировски Битола ЛЕТО 2019 Дојранско Езеро се наоѓа во југоисточниот дел на Македонија. Котлинскиот простор во кој е сместено е ограничен од север и северозапад со планината Беласица, од запад и југозапад со ограноците на ридското подрачје Кара Балија и од исток со ограноците на планината Круша. Надморската височина на која се наоѓа езерската површина е на 148 м. Површината на езерото изнесува 42,7 км2, од кои 15,6 км2 и припаѓаат на Република Грција, а 27,1 км2 на Република Македонија. Површината на Дојранското Езеро се менува во зависност од водостојот, така што во литературата и во официјалните публикации се среќаваат различни податоци од 41,9 до 43 км2. Податокот од 42,7 км2 е податок од Статистичкиот завод на Македонија од 1996 година. И покрај ваквите разлики, треба да се констратира дека ова езеро е најмало по површина, од трите тектонски езера во Република Македонија. Вкупната должина на бреговата линија изнесува 24 км. Овој брег бележи најмала разгранетост, а во него преовладуваат песочни плажи кои имаат позитивен одраз во туризмот.Најголемата длабочина изнесува 10 м. Значи, се работи за многу мала длабочина, посебно во однос на Охридското и Преспанското Езеро, што треба да се прими како негативна околност за одвивање на туристичките активности. Потврда на оваа квалификација е и фактот дека дури на 100 метри оддалеченост од брегот, длабочината изнесува 3 метри. Најголем дел од езерото е покриен со глиновит материјал и само поизразито наклонетите тераси се песокливи, што е една од причините за заматеноста на водата. Максималната амплитуда на водостојот изнесува 267 км. Тоа негативно се одразува врз останатите елементи на географската средина. Кајчиња во Дојранското Езеро Температурата на водата претставува една од најзначајните вредности на Дојранското Езеро. Средногодишната температура во Дојранското Езеро изнесува 14,8 °C, што е највисока вредност во однос на Охридското и Преспанското Езеро. Температурата на водата во зимскиот период е доста различна. Средномесечните вредности се движат од умерените 9,9 °C во декември, до 3,9 °C во фебруари. Поради релативно малите длабочини, езерото замрзнува во овој период. Сепак, за развој на туризмот од најголемо значење се средномесечните температури на водата во летниот период од годината. Тие во пет месеци од годината се повисоки од 18 °C. тоа значи дека во период од скоро половина година постојат термички услови за одвивање на капалишните активности. Средномесечната температура во мај изнесува 18,9 °C, во јуни 22,4 °C, во јули 24,3 °C, август 24,2 °C и во сепмтеври 20,4 °C. Бојата на водата има нијанси од темно зелена, зеленкасто – жолтеникава и жолтенива, што како вредност заостанува зад Преспанското, а посебно зад Охридското Езеро. Нивото на езерото е на надморска висина од 148 метри. Тоа е плитко езеро, со најголема длабочина од 10 м и просечна длабочина од 6,7 м.[1]. Дојранското Езеро е создадено во неогено-квартерниот период и има тектонско-вулканско потекло. Всушност, тоа е реликтен остаток од некогашното плеистоценско Пеонско Езеро, коешто зафаќало површина од околу 127 км2. Поради јодот кој го испуштаат алгите за време на нивното цветање (јули-август), водата на езерото е многу лековита, посебно за лечење на проблеми со синусите, бронхит, настинки, зараснување на рани и исеченици. Лековитоста на водата привлекува голем број на туристи, највеќе семејства со мали деца.рете на дело.