Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
(05) ПРЕСИНГ: Дарко Панчев со Масар Омерагиќ - за се од интерес на македонскиот фудбал!
🎥 ПЕТТА ЕПИЗОДА ОД СПОРТСКИOT ПОДКАСТ НА ЕКИПА - „ПРЕСИНГ“, со македонските спортски легенди‼️ 📍 💬 Специјализиран спортски подкаст „ПРЕСИНГ“, проект кој е наменет за навраќање на спомените од минатото, анализа на актуелните состојби во мак-спортот, како и размена на предлози и визии за негов развој во иднина. И сето тоа, директно, отворено, па ако е неопходно и контроверзно! 📍 💬 Во петтата епизода на ПРЕСИНГ гостин на Дарко Панчев е претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ! ============================================= 👉 Заследи го нашиот Јутјуб-канал за сите следни епизоди! =========================================== РАЗГОВОРИ ЗА... 00:22 – Вовед 00:44 - Фудбалските почетоци на Масар Омерагиќ од Слога Југомагнат до Вардар 02:50 - Зошто не се реализира трансферот во Вардар уште за време на југословенската лига? 04:45 - Љубовта кон фудбалот уште на најмала возраст, спортските почетоци и чаирските игранки 10:45 - Амбициозните родители како несвесен товар за своите деца во фудбалскиот развој и работата со најмладите категории 14:28 - Инстант клубовите во македонските лиги 16:03 - Инфраструктурата и изградба на терените во Македонија - Фудбалер се станува на терен, а не на трибина! 24:20 - Едукација на македонските тренери за работа со најмладите категории 30:10 - Која е причината што домашните бизнисмени бегаат од фудбалот, а во клубовите се оставени безмалку на општините, без желба за инвестиции од локалните стопанственици? 34:20 - За Шкендија со Лазим Дестани, за оној Вардар со Сергеј Самсоненко... 37:45 - Државата мора да ги помага трите најголеми фудбалски бренда, и по принципот на Србија, Хрватска, да се поддржат клубовите со најголема традиција 38:30 - Како Азер тргна по фудбалските стапки на својот татко Масар Омерагиќ, и дали беше исправен потегот со неговото заминување во сплитски Хајдук на млада возраст 43:35 - Воведувањето на ВАР-системот во Македонија 49:05 - Дарко Панчев: „Отворање на темата за бенифициран стаж на фудбалерите!“ 52:20 - За најновиот закон за доделување пензии на маакедонските спортски величини кои освоиле европски и светски клупски трофеи 53:50 - Каква е соработката со македонските фудбалски легенди Пандев, Најдоски, Христов, Ибраими, Митрески..., кои Масар Омерагиќ ги врати во Фудбалската федерација на Македонија? 55:00 - Масар Омерагиќ: Дарко Панчев е добредојден во Фудбалската федерација на Македонија... Разговараме и со Николче Новески за вклучување во ФФМ 58:00 - Успесите на македонската репрезентација и поддршката за Благоја Милевски 01:01:00 - Колку е тешко да се убедат квалитетни фудбалери со македонско потекло, а со пасош и на други земји, да играат за Македонија? 01:03:05 - За младите репрезентации, и инвестициите во младите категории 01:11:15 - Што би го направило Масар Омерагиќ најсреќен ако се реализира во четиригодишнит мандат? 01:15:15 - Повеќе шанса за младите фудбалери во домашните клубови. Промени за задолжителни повеќе младинци во стартните тимови во Првата и во Втората лига 01:17:28 - Масар Омерагиќ: „Ние мора многу повеќе да веруваме во нашите деца...!“ 01:20:00 - За кого навива Масар Омерагиќ на светската фудбалска сцена, кој тип на фудбалери и тренери му се омилени... За Драган Стојковиќ - Пикси и за Зинедин Зидан... 01:23:40 - Да ја поддржиме македонската репрезентација од септември за продолжување на успешниот квалификациски циклус за пласман на СП 2026 ================================================================= Заследи нѐ и на: 👉 Web 👉 ekipa.mk Facebook 👉 facebook.com/ekipa.mkd Facebook 👉 facebook.com/redakcijaekipa.mk Instagram 👉 instagram.com/ekipa.mk