Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
(09) ПРЕСИНГ: Ексклузивно со ВЕСЕЛИН ВУЈОВИЌ - „Без влакна на јазикот“ - РЕД СПОРТ, РЕД ПОЛИТИКА!
🎙️🎥 ЕПИЗОДА ДЕВЕТ ОД СПОРТСКИОТ ПОДКАСТ НА ЕКИПА - „ПРЕСИНГ“ 📍 💬 Во деветтата епизода на ПРЕСИНГ ексклузивен гостин најголемиот ракометар на сите времиња – ВЕСЕЛИН ВУЈОВИЌ. Човекот со најголем број освоени титули во историјата на екипните спортови во светот. Како играч, трократен европски клупски шампион, златен и бронзен медал од Олимписки игри, светски и европски шампион со Југославија, а на сето тоа како тренер и селектор, светски шампион со младинската селекција на Србија во 2005, бронзен на Светското првенство 2017 со селекцијата на Словенија и полуфиналист на Олимписките игри 2000 со селекцијата на СР Југославија. И уште бројни, бројни, титули во националните шампионати со клубови и репрезентациите за кои настапувал како играч и ги водел како тренер. Човек што или го сакате или не... кај кого нема средина. Човек што секогаш е директен, реален, човек со став што не премолчува, без разлика дали тоа им се допаѓа на другите или не... Легенда како ниту една друга, со бројни блескави моменти како играч, но и како тренер, но за нас, посебно драго, и блиску поврзана со македонскиот ракомет со години и години наназад. Човекот кој со доаѓањето во 2006 година во Македонија, експресно станувајќи миленик на вардаровите „Комити“ и тоа како помогна ракометот да се издигне во спорт број еден во Македонија! 📍 💬 ОТВОРЕНИ РАЗГОВОРИ ЗА КОМПЛЕТНИТЕ СОСТОЈБИ НА БАЛКАНОТ – РЕД СПОРТ НО И РЕД ПОЛИТИКА! ============================================= Заследи го нашиот Јутјуб-канал за сите следни епизоди! =========================================== РАЗГОВОРИ ЗА... 01:44 – Најава за најтрофејниот ракометар во историјата – Човекот кој е неразделен дел од македонскиот ракомет! 02:30 – Вујовиќ: Ова што го гледам тука во „Спортс бир гарден“ во Дајмонд мол, го нема никаде на овие простори во поранешна Југославија. Прекрасен спортски музеј за восхитување! 03:30 – Кои се омилените места и лица на Веселин Вујовиќ во Скопје? 05:00 – За Лино Червар....., повторно средба на јубилејот 20 години на Спортско радио 90,3 06:30 – Вујовиќ: Никогаш не би можел да тренирам друг клуб во Македонија, освен Вардар! 07:47 – За некогашниот ривалитет меѓу Вардар и Металург... За ривалитетот и со Лино Червар! 09:55 – Најказнуваниот тренер во Европа, секогаш „без влакна на јазикот“ 11:30 – „Комитите“ секогаш беа и се играч повеќе за Вардар! 17:00 – За ракометот некогаш и сега...! Дали е подобар Веселин Вујовиќ од осумдесеттите години на минатиот век, или Карабатиќ и Лазаров од овој век!? 18:48 – Зошто сега ракометот на Балканот заостана зад оној скандинавскиот, или германскиот и шпанскиот? 23:23 – Зошто од просторите на поранешна Југославија веќе нема ниту еден клуб кој нешто значи во Европа? 26:00 – Дали Веселин Вујовиќ некогаш имал понуда да биде дел од оној Вардар на Сергеј Самсоненко? 29:20 – Како дојде одлуката во 2006 година да дојде во Македонија и да остане цели шест години во Вардар 31:51 – Како успеа да го донесе Стојанче Стоилов од, тогаш, најголемиот ривал Металург во Вардар? 33:40 – Трансферот на тогаш анонимниот Игор Карачиќ кого Вујо го доведе во Вардар! 36:03 – Како течеа подготовките за едно дерби меѓу Вардар и Металург во тоа време... 42:04 – Како стана миленик на „Комитите“ и моментот кога спасуваше навивач на Вардар пред полицаец во салата „Кале“ 45:35 – За големиот инцидент во Битола, како играч, на дуелот меѓу Пелистер и Металопластика во Првата лига на Југославија 52:30 – Мислењето за Кире Лазаров и неговата работа како селектор на Македонија и за новиот ракометен клуб Алкалоид кој е веќе рамо до рамо со Вардар и Пелистер во македонскиот ракомет 58:25 – Дали се соочува со притисоци во Србија откако јасно даде поддршка за студентските движења против претседателот Александар Вучиќ? 01:02:25 – Што се случува со спортот во Србија на репрезентативен план? Ракометот го нема никаде, кошаркарите потфрлија, фудбалерите се далеку и од бараж за Светско првенство, одбојката тоне...! 01:04:30 – Веселин Вујовиќ, Новак Ѓоковиќ, Дејан Бодирога.... и еден куп спортисти сме тие кои ќе сме „рушеле“ држава...! 01:07:30 – Дали повторно би се вратил во македонскиот ракомет? ================================================================= Заследи нѐ и на: 👉 Web ekipa.mk Facebook facebook.com/ekipa.mkd Facebook facebook.com/redakcijaekipa.mk Instagram instagram.com/ekipa.mk ==============================================