Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
(06)ПРЕСИНГ: Специјално издание за 60-от роденден на Дарко Панчев-Специјален гостин Златко Калински!
🎥 ШЕСТА ЕПИЗОДА ОД СПОРТСКИOT ПОДКАСТ НА ЕКИПА - „ПРЕСИНГ“ – СПЕЦИЈАЛНА ЕПИЗОДА ЗА 60-ОТ РОДЕНДЕН НА ДАРКО ПАНЧЕВ 📍 💬 Шестата епизода на ПРЕСИНГ е посветена на најголемото македонско фудбалско име во историјата Дарко Панчев, одбележувајќи го неговиот 60-ти роденден, овој пат како биографски осврт на блескавата кариера, а со специјален гостин во името на легендата на македонско спортско коментаторство Златко Калински со кого во 2012 година и во 2014 година ги освоија срцата на македонската јавност со коментарите на ЕП 2012 и СП 2014. 📍 💬 Разговори за тоа од каде потекна идејата Златко и Дарко во 2012 и во 2014 да бидат убедливо најдоброто коментаторско дуо во Македонија... Разговори за ФК Вардар, и за страста за фудбалот со која живееше Скопје но и цела Македонија, за Црвена Звезда и европската и светската шампионска круна... Разговори за „Златната топка“ која во 1991 година буквално му беше „украдена“ на Дарко Панчев... Разговори за настапите во дресот на Југославија и на Македонија... За осамостојувањето на македонскиот фудбал, но и за многу спектакуларни голови на Дарко Панчев кои досега не се експонирани во јавноста! 📍 💬 Слушнете што кажувале и што кажуваат за Дарко Панчев легендарни имиња како Роналд Куман, Арсен Венгер, Мишел Платини, Драган Џајиќ, Ненад Бјековиќ, Драган Стојковиќ – Пикси, Милојко Пантиќ, Тони Савевски.... ============================================= 👉 Заследи го нашиот Јутјуб-канал за сите следни епизоди! =========================================== РАЗГОВОРИ ЗА... 00:25 – Вовед и роденденска честитка за Дарко Панчев 02:50 – Најава на Златко Калински, легендата на македонското спортско коментаторство 05:00 – Златко Калински – како би го опишал Дарко Панчев 06:55 – За неправедната одлука на ФИФА во 1991 година да не ја додели „Златната топка“ на Дарко Панчев и реакциите на целиот фудбалски свет 08:45 – Што напиша истакнатиот француски новинар Жан-Филип Ретекје во 1991 година за недоделувањето на „Златната топка“ на Дарко Панчев која ја доби Папен 14:50 – Приказната за пристигнувањето на „Златната Копачка“ – Како пристигна во рацете на Дарко во Скопје дури со 15 години задоцнување 17:40 – Како дојде до соработката меѓу Златко Калински и Дарко Панчев како коментаторско дуо на ЕП 2012 и СП 2014 кое ги освои срцата на комплетната македонска јавност? 28:37 – Што кажал Арсен Венгер за време на еден свој тренерски семинар за тоа како голгетер е Дарко Панчев....! 33:00 – Какво беше детството на Дарко Панчев, како се одлучи за фудбал и почетоците во ФК Вардар! 37:00 – Златко Калински се потсетува на првиот натпревар кој го коментирал на кој настапил Дарко Панчев и појавувањето на Дарко како 16-годишно дете во првиот тим на Вардар! 50:00 – Златко Калински ја опишува страста по Вардар со која живеат Скопје и Македонија – Вардар станува бренд во Југославија, Скопје живее за фудбалот, преполн стадион.... 58:50 – Што кажуваат Тони Савевски, Иван Гудељ, Ненад Бјековиќ... за Дарко Панчев 01:00:47 – Како Црвена Звезда беше спречена уште во 1984 да ги „украде“ Дарко Панчев и Пепи Георгиевски 01:04:42 – Што кажува Драган Џајиќ за тоа како дошол до трансферот на Дарко во Црвена Звезда 01:07:10 – Како Дарко и „стресе“ пет гола за едно полувреме на ЦСКА Софија која била со Стоичков, Лечков, Костадинов, Пенев, Михаилов... 01:09:25 – Уште еден феноменален гол против Ренџерс во Глазгов, и што легендарниот коментатор Милојко Пантиќ вели за тој гол на Дарко 01:12:50 – За легендарното финале во Бари, и мислите низ чекорите од центарот до белата точка... 01:31:45 – Златко Калински за тоа како од негов агол се доживеа онаа дрскост кога Дарко Панчев им се спротистави на Грците во Атина и двата гола против Панатинаикос 01:35:45 – Дарко Панчев – прв Македонец стрелец на едно светско првенство – настапите на СП 1990 во Италија! 01:39:43 – Најдобар стрелец во квалификациите за ЕП 1992 со 10 гола на само шест меча, феноменалните хет-трикови против Австрија и против Северна Ирска. Забраната на Југославија да учествува на ЕП 1992. 01:54:20 – Трансферот во Интер... Одбивањето на Манчестер јунајтед, Барселона и Реал Мадрид... Изјавите на Роналд Куман и Христо Стоичков 02:05:10 – Првиот официјален натпревар на Македонија против европскиот шампион Данска, и црвениот картон во Скопје 02:15:25 – Дел од легендарните коментари на Златко и Дарко од СП 2014... И за признанието таа година за „Најдобро коментатoрско дуо во Македонија!“ 02:15:25 – Иницијатива во нареден период македонската јавност повторно да ги чуе Дарко Панчев и Златко Калински како коментаторско дуо 02:24:50 – Дарко за најголемото свое богатсво – семејството, за сопругата Маја и ќерките Надица и Марија 02:27:00 – СРЕЌЕН 60-ТИ РОДЕНДЕН НА ДАРКО... СРЕЌЕН 14-ТИ РОДЕНДЕН И НА ЕКИПА.... ЧЕСТИТ 8-МИ СЕПТЕМВРИ, ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА МАКЕДОНИЈА! =============================================== Заследи нѐ и на: 👉 Web 👉 ekipa.mk Facebook 👉 facebook.com/ekipa.mkd Facebook 👉 facebook.com/redakcijaekipa.mk Instagram 👉 instagram.com/ekipa.mk