Цепки | ПичПрич гала настан 13.05.2022

По повод 10 години ПРВО ПА ЖЕНСКО фестивал за феминистичка култура и акција, Пичприч и Тиииит! Инк. го организираа овогодинешниот ALL STARS гала настан на тема „Цепки“. Настанот се одржа на 13.05.2022 со почеток од 20 часот, во Филхармонија на Република Северна Македонијa. Учеснички/ци: Јана Јакимовска, Илина Арсова, Петар Андоновски, Маја Казакова, Софија Ристевска и Мима Симиќ. Во фокус на настаните на јубилејното издание на фестивалот ПРВО ПА ЖЕНСКО оваа година е субверзивната моќ на хуморот, посебно имајќи го предвид традиционалното исклучување на женските гласови од полето на смешното и честото исмевање со „типично женските“ искуства. Темата „Цепки“ има за цел да понуди повеќе интерпретации на тоа што е смешно, а истовремено и да ја насмее публиката. Настанот е реализиран со поддршка од Шведска и фондацијата Kvinna till Kvinna и Sigrid Rausing Trust. Концепт и авторство: Ана Василева и Румена Бужаровска Продукција: Тиииит! Инк. - Скопје Дизајн на постер: КОМА дизајн студио

Смотрите также