Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
Срамота! Вечер на раскажување квир приказни (Skopje Pride Weekend 2018)
Како и минатогодишниот Викенд на гордоста, годинава започнуваме со овој промо-настан. Неколкумина раскажувачи од јавната културна, политичка и општествена сфера раскажуваат кратки приказни за телесниот, родовиот и сексуалниот срам кој ја обележал нивната општествена ненормативност – оттаму, „квир“ како она што излегува од рамките на прифатливиот општествен код. Со овие јавно изговорени приказни, срамот се превртува и трансформира, исмејаниот станува исмејувачот – срамот се враќа назад кон оние кои занесениво својата арогантност и привилегија, претпоставуваат дека го имаат правото да бидат родова, сексуална и морална полиција, и да понижуваат. Со овие приказни, од срамот за нашите желби, задоволства, однесувања, движења и размислувања градиме наративи на отпор. Нашиот срам станува нашето задоволство и среќа. Наместо сведнатата глава и преплавувачкото црвенило, пркосиме. Наместо неподносливото гушење навнатре во себе, експлодираме од смеа. Модераторки: Румена Бужаровска и Ана Василева Раскажувачи/ки: Никола Гелевски, Маја Марковска, Артан Садику, Ивана Драгшиќ, Кирил Поп Христов - Кили, Лејла Каламујиќ 01 јуни 2018