Планови за монтажната куќа на семејството на Ѓоко - Срце на Дланка С5 Еп. 18

Поддршката и можноста за лечење и собирање на средствата му ја овозможи –„И Крауд„ платформата која веднаш му обезбеди лекување во државната клиника и собираше донации за изградба на дом. Во овој проект се вклучија нашите пријатели од „Ол Проџект„ кои одлучија да помогнат во изградбата на монтажната куќа на семејството на Ѓоко. Бидејќи семејството Георгиевски на снимањето кажа дека во населбата Идризово плац од 100 м2 за куќа им отстапува дедото на Ѓоко, а во тоа е согласна и целата негова фамилија, нашата екипа отиде да го сними местото и да се договори за процедурите и работите за да започне и овој проект. Секако наша цел е секое семејство да ја надмине тешката состојба во која се наоѓа и со наша и поддршка од народот да се врати назад во системот. За тоа му е потребна работа и вработување, па откако ќе заврши лекувањето на Ѓоко и Христина, тие и двајцата сакаат да се вработат и да ги растат своите три дечиња. Следна етапа во изградбата на домот на ова семејство е барање согласност од Општината и чистење на теренот за поставување постамент за момтажната куќа, за која од надлежните добивме ветување за помош со што ќе се олесни целата работа. Децата се најголемото богастство во животот на секој родител. Петте дечиња од Кичево за жал, уште многу мали беа оставени од нивната мајка, а пред три месеци неочекувано од овој свет на само 35 годишна возраст си замина и нивниот татко, па тие мали и беспомошни, беа оставени под грижа на нивните баба, тетка и чичко. Нивната куќа во кичевското село е во распаѓање, а моментално тие живеат во куќа под кирија која ја најмил нивниот татко минатата есен, за да им биде поблиску градот и училиштето на поголемите дечиња. Виралното запознавање на јавноста со нивниот животен проблем веројатно направија влијание и врз социјалните служби, па набрзо ова семејство освен донации во храна, облека и финансии, доби и социјален стан, кој во моментов се опремува и пополнува со мебел благодарение на донациите собрани на платформата И Крауд. Родителската грижа никој не може да ја замени, но кога реалноста знае да биде сурова, единствен спас е сплотеноста и хуманоста на народот. Овој пат народот навистина одигра клучна улога и направи во иднина овие дечиња да можат безгрижно да растат и да се радуваат на животот.

Смотрите также