Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
Децата од Кичево ДОБИЈА СТАН - Срце на Дланка С5 Еп. 20
Во сторијата на петте мали сирачиња клучна улога одигра македонскиот народ од земјава и дијаспората. Пари се собираа на различни начини и платформи, а овие дечиња го добија најважното нешто-социјален стан во кој веќе живеат со својата баба и чичко. Станот целосно е опремен со мебел од средствата кои беа собирани на Е Crowd (И крауд) платформата и сега среќата на малите ангелчиња е целосна. Тие имаат своја соба, дневна, кујна со трпезарија, ходник и тераса во социјалната зграда во Центарот на Кичево.