Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
Срце на Дланка С5 Еп. 19 - Сакаме детски соби, облека, играчки и храна.
Елена Ристова е столб и двигател на семејството кое живее во село Уларци, Чешиново Облешево. Таа е во вонбрачна заедница со Златко, а тие и двајцата имаат два претходно неуспешни брака зад себе. Од нив и двајцата имаат по две деца за кои плаќаат месечна алиментација. И, во заедницата во која живеат заедно од 2016 година добиваат две заеднички деца, малите Катерина и Димитар, кои се преслатки и премили дечиња што посакуваат детство исто како и нивните врсници. Детски соби, облека, играчки и храна. Тоа е ссе што посакуваат овие братче и сестриче. Зашто тие и двајцата се во училиште и гледаат што имаат и како живеат нивните другарчиња. За жал, Катерина и Димитар живеат во една мала соба од 10 м2, каде го минуваат денот, а ноќите мораат да одат во собата на баба им и дедо им, која е и дневна и кујна и детска соба, а поради тесниот простор бабата и дедото некогаш спијат на земја за да им овозможат комодитет на внучињата. Немаат ниту купатило, ниту тоалет, па тие и на мраз и на сонце дури и во вечерните часови мораат да отидат до полскиот тоалет, а тоа е тешко и страшно за малите дечиња. Златко обезбедил почетен материјал, цигли и даски и започнал да ѕида, но минималните средства и кредитот кој го враќаат не им дозволува да продолжат понатаму сами. Во таа куќа во која има уште две соби живеат уште две други фамилии, стрина и братучед на Златко. Мал простор за толку многу луѓе. Елена и Златко работат многу. Се трудат и мачат и после работното време во фабрика за мебел. Одат на нива, одгледуваат ориз, сечат дрва на соседите за пари, а за волја на вистината Елена, иако жена само за да им го обезбеди денот на децата, цепи по два метри кубни огревно дрво, крева тешки вреќи со ориз и железа. Среќата на децата на ова семејство им е се, па затоа замолуваат за помош, да изградат само една нова соба и тоалет за нив, за да можат малку понормално да го продолжат животот.