Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
„Патот на Животот“ со о. Ивица Т. и Душко К. тема: Што е духовна љубов и како да ја оствариме?
Симон Петар, слуга и апостол на Исуса Христа, до оние, на кои преку правдата на нашиот Бог и Спасител Исус Христос им се падна да добијат заедно со нас еднаква вера: благодатта и мирот со познавањето на Бога и Христа Исуса, нашиот Господ, да ви се умножи. Бидејќи Неговата божествена сила ни подари сè, што е потребно за животот и побожноста, а преку познавањето на Оној, Кој нè повика со Својата слава и совршенство, преку кои ни се дарувани многу големи и драгоцени ветувања, та преку нив да станете учесници во Божјата природа, ако се оддалечите од гнилежните похоти на овој свет; затоа, грижејќи се за ова сестрано, принесете кон верата своја 1. добродетел, а кон добродетелта 2. разум, кон разумот 3. воздржување, кон воздржувањето 4. трпение, кон трпеливоста 5. побожност, кон побожноста 6. братољубивост, кон братољубивоста 7. љубов. Оти, ако овие добродетели ги има во вас и се умножуваат, тие нема да ве остават празни, ниту бесплодни во познавањето на нашиот Господ Исус Христос. А при кого ги нема, тој е слеп, кусоглед и заборава дека се очистил од поранешните гревови. Браќа, затоа уште повеќе настојувајте да го зајакнете вашиот позив и избор, оти, ако го вршите тоа, никогаш нема да погрешите, бидејќи по таков начин ќе ви се овозможи слободен влез во вечното царство на нашиот Господ и Спасител Исус Христос. Поради тоа секогаш ќе се грижам да ви ги напомнувам овие работи, иако ги знаете, и да сте утврдени во сегашната вистина. Па и право е, додека сум во ова тело, да ве подбудувам со напомнување, оти знам дека наскоро ќе го оставам моето тело, како што Господ наш, Исус Христос, ми јави. А ќе се погрижам на ова да се потсетувате секогаш и по мојата смрт. Зашто ние ви ја покажавме силата и доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос не преку измислени параболи, туку откако станавме очевидци на Неговото величие. (2 Петрово послание. 1, 1 - 16) --- ЖИВОТ ВО ДУХОТ Духовниот живот има за цел личноста да ја зголемува свеста, односно, сознанието за себе! Плодовите од духовниот живот се препознатливи преку совеста на личноста, односно, преку нејзиниот здрав осет за доброто и нормалното! Под „добро“ се подразбира оној начин на живот кој не предизвикува страдања, болка и заблуда во постоењето на останатите луѓе и живи суштества, а предизвикува смисла, цел, здравост и радост! Под „нормално“ се подразбира осетот и отвореноста за оние стандарди на однесување кои тежнеат кон стандардите и вредностите на постоење откриени и засведочени од нашиот Творец! Свесноста за ДОБРОТО и животот во НОРМАЛНОТО помагаат да се чекори ПО ПАТОТ, а и го разоткриваат неменливото во минливото! --- ЉУБОВТА, КАКО ХРАНА ЗА ПО ПАТОТ Љубовта е состојба, двигател и храна која и овозможува на секоја личност во овој и ваков свет да ја оствари својата реализација, но, и да го стекне доживувањето и увидот во совршената состојба на постоење во „идниот век“, во Царството Божјо. Таму и тогаш, во Царството Божјо, ќе се види и доживее полнотата и плодот на постоење во ЉУБОВ! Но, коренот на дрвото што ќе го изнедри тамошниот плод се наоѓа во овој свет и во неговото време, а семето е вербата во нашата ДОВЕРБА во сето она што Творецот го направил, прави и го ветил за нас!