Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
„Патот на Животот“ со о. Ивица Т. и Душко К. тема: За целта и потребата на духовното раководство!
Видео од радио емисијата „Патот на животот“ со презвитер Ивица Тодоров и Душко Кралевски. Емисијата е снимена на 20. 11. 2016! Целта на емисијата е да ја објасни смислата и потребата на духовното раководство во Црквата! „Бидејќи, кој човек знае, што има во човекот, освен човечкиот дух, кој живее во него? Па така, и Божјото не го знае никој, освен Божјиот Дух. Но ние не го примивме духот од овој свет, туку Духот, Кој иде од Бога, за да го знаеме она, што ни е дарувано од Бога; па тоа и го проповедаме не со зборови, научени од човечка мудрост, туку научени од Светиот Дух: толкувајќи го она што е духовно на духовни луѓе. Душевниот човек не го прима она, што е од Божјиот Дух; за него тоа е безумство; и не може да го разбере, оти треба духовно да се испита. Духовниот, пак, човек испитува сè, а него никој не го испитува. Зашто, кој го познал умот Господов, та да го објасни? А ние имаме ум Христов.“ (1. Коринтјаните. 2, 11 - 16) „Ние сме му соработници на Бога, а вие сте Божја нива, Божја зграда. Според дадената ми од Бога благодат, јас, како мудар првоградител, поставив темел, а друг ѕида; само секој нека пази како ѕида. Зашто никој не може да постави друга основа, освен положената, која е Исус Христос.“ (1. Коринтјаните. 3. 9 - 11) „Но ова ви го пишувам не за да ве посрамам, туку да ве поучам како мои омилени чеда. Зашто, ако имате и на десетина илјади наставници во Христа Исуса, многу татковци немате, бидејќи јас ве родив во Исуса Христа преку Евангелието.“ (1. Коринтјаните. 4. 14 - 15) СРЕДБА НА ПАТОТ Кога гледаме и Ти и Јас кога не осветлува светлината на зората и мене и тебе кога во ноќта го гледаме утрото, а во денот вечноста кога околу нас природата се радува, а времето се шири за да исчезне кога слушаме и Ти и Јас како ВЕЧНИОТ во светоста и милината на љубовта ни говори тогаш да знаеш дека имаме средба а средбата раѓа среќа кога патуваме кон животот ЗАЕДНО. Заедништвото за патникот е благослов зашто најчесто ПО ПАТОТ се патува сам!