360 degrees season 10, show 73 - Ќе поскапи ли струјата од 1 јули – интервју со Марко Бислимоски

Broadcasted on June 24, 2024 (Monday) on MRT1 at 23.30. Дали и колку ќе поскапи струјата од први јули се прашања на кои очекуваме одговори во следните неколку дена, а треба да дојдат од универзалниот снабдувач и од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Ова е главниот повод во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1 за соговорник да го имаме претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски. Разговараме дали е оправдано зголемувањето на цената по која „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) ќе му ја продаваат струјата на универзалниот снабдувач „ЕВН хоум“ од 57 на 60 евра за мегават-час и зошто ЕСМ даде понуда само за 85 отсто од потребите на универзалниот снабдувач, а не за 100 отсто? Како тоа ќе влијае на финалната цена за домаќинствата и малите потрошувачи на регулираниот пазар? Прашуваме и дали мора да се плаќа т.н. мрежарина или „надомест за пристап на електродистрибутивниот систем“, која чини двесте денари месечно за секое броило, за што има многубројни реакции во јавноста. Дали со тоа ѝ се овозможува екстра профит на ЕВН? Дали и кога дневната евтина тарифа би се зголемила за уште еден час, е тема исто така. Зборуваме и за можноста за намалување на цената на парното во Скопје.

Смотрите также