360 degrees season 11, show 5- Интервју со Орхан Муртезани по одвојувањето на Македонија од Албанија

Broadcasted on September 30, 2024 (Monday) on MRT1 at 20.15. Во новото издание на „360 степени“ на МРТ 1 гостува Орхан Муртезани, министер за европски прашања и потпретседател на партијата Алтернатива, која е дел од коалицијата „Вреди“. Има повеќе поводи за гостувањето на министерот Муртезани, меѓу кои, изминувањето на првите сто дена од мандатот на владата на ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди“ и ЗНАМ, одлуката на ЕУ да ги раздели Северна Македонија и Албанија во пристапниот процес, посетата на унгарската владина делегација предводена од Виктор Орбан во Охрид, средбите на премиерот Христијан Мицкоски, во чија придружба беше и министерот за европски прашања, со високи претставници на ЕУ во Брисел… Во интервјуто, Муртезани открива дека на средбите со ЕУ било отворено прашањето за „уставни измени со одложено дејство“. Ќе слушнете со каков впечаток се враќа тој од разговорите за оваа идеја. Министерот го прашуваме и дали во „Вреди“ се согласуваат со фрлањето во прегратките на Орбан и кој е планот што унгарскиот премиер му го изложил на Мицкоски за деблокирање на преговорите за членство во ЕУ. Тема е и Планот за раст, реформската агенда поврзана со него, односите во владината коалиција, можноста в година да има предвремени парламентарни избори заедно со локалните, поддршката од ДУИ за двотретинските закони…

Смотрите также