Граѓаните го враќаат животот во Дојран

Дојранското езеро, сместено во Дојранската котлина помеѓу ридовите Круша, Карабали, Боксија и планината Беласица, е едно од многуте природни убавини во земјава. Топлата клима и езерото го прават Дојран иделен за совршен одмор. Сепак, најмалото природно езеро кај нас веќе одамна не ги живее деновите на туристички процут и го нема местото кое го заслужува на туристичката мапа на земјава и на Балканот. А Дојран има многу што да понуди. Од убава клима, топло езеро, прекрасна природа, вкусна храна и гостопримливи домаќини. Недостасуваат мали нешта за да се остварат големите планови на жителите на Дојран за успешна туристичка сезона. Пред се да се уреди крајбрежјето на езерото. И токму тоа го прават жителите на овој град. Самопридонесот на граѓаните од Дојран не се состои само во учеството во акции за чистење, туку и во создавање на нови решенија за заштита на езерото. Дојранското езеро може да се гордее со со оваа активна и свесна заедница која е посветена на одржувањето на еколошката рамнотежа во регионот. Жителите на Дојран работат неуморно на заштита на ова природно богатство, на обезбедување на неговата долгорочна одржливост, за себе и за идните генерации.

Смотрите также