Подводниот свет во Охридското Езеро | Документарен филм | Нуркачки Центар Амфора

Приказната почнува кај изворите Свети Наум, а завршува на истекот на Црн Дрим кај Струга. Опфатени се Светинаумските извори, животната заедница, богатата флора и фауна. За прв пат има екслузивни ноќни снимки кај локалитетот Велидаб од мрестот на Охридската пастрмка. Опфатен е делот на подводните археолошки истражувања и предметите кај локалитетот Градиште. Снимени се слатководните ракови чиј број во изминатите години драстично се намали, а сега ги има на повеќе места и нивните колонии се обновуваат. Се забележуваат јагули, водни желки, но и потонатите бродчиња кај Струга кои се потопени за време на Првата Светска Војна. Нуркачки Центар АМФОРА www.amfora.com.mk www.facebook.com/dcamfora Сите права заштитени. © 2010

Смотрите также