VIDEO
Нуркачкиот центар Амфора ви го претставува "Танцот со пастрмките", документарен филм чија цел е запознавање со вековниот ритуал на мрест на Охридската пастрмка која претставува заштитен знак и синоним за ендемичноста на Охридското езеро и негативниот исход до потполно исчезнување на истата доколку се продолжи со неконтролиран лов. Документарниот филм се снимаше пет сезони во зима - Декември, Јануари и Февруари во период кога охридската пастрмка доаѓа во плитки води да се мрести. Направени се повеќе од 50 часа снимен материјал и над 300 подводни фотографии. Нуркањата беа изведени во екстремни и ноќни услови со температура на вода од 6 до 7 целзиусови степени во присуство на планктон, струења, заматена и разбранета вода. Сценарио и режија : Милутин Секулоски Сниматели : Тони Нически, Емил Јовановиќ Сниматели под вода : Милутин Секулоски, Митко Јованоски Автор на текст : Милутин Секулоски - Миќо Наратор : Ирена Трајкоска Музика : Николче Мицевски Сите права заштитени. © 2017 Посетете не : WEBSITE : FАCEBOOK : INSTAGRAM : E-MAIL : sekuloski@yahoo.com