Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
Највкусната епизода досега! | Готвиме со Фиќо во РеТрн
Оваа недела во РеТрн ни гостува човекот што сите го знаат по своите вкусни рецепти и заразна енергија во кујна – Филип Поповски, познат како Фиќо! Неговиот YouTube канал „Готвиме со Фиќо“ веќе одамна е омилено место за сите што сакаат добра храна, позитивна енергија и инспирација за готвење. Во оваа епизода, Дениз ќе се обиде да докаже дали има талент за тесто и сос – и дали навистина може да се снајде како пица-мајстор. А Фиќо ќе открие: • Како решил да се посвети на кулинарството? • Кој готви дома кај него – тој или некој друг? • Дали некој се меша во кујна кога тој готви? • Кoja му е омилената кујна и кое јадење го смета за највкусно? Подгответе се за вкусна, забавна и епизода полна со смеа Филип Поповски (Фиќо) во РеТрн – притисни PLAY и дознај кој е вистинскиот пица-мајстор!