Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
„Очи ангелски“ се враќа со нов сјај: Ареа и Young Dadi во нова верзија на култниот хит
Дваесет и пет години по оригиналот, култната песна „Очи ангелски“ на Ареа добива нов живот преку современа интерпретација во соработка со Young Dadi. Новата верзија, која беше објавена на 29 октомври, е дел од одбележувањето на 25 години од легендарниот албум „Врати на имагинација“, а придружува и нов видео спот во продукција на TAKAT Studios. Режијата е на Александра Костадиновска, со Борис Ралев зад камерата, а во видеото се појавува актерката Мартина Марковска. Спотот е визуелно современ, но ја задржува емотивната атмосфера на оригиналот, спојувајќи ја носталгијата со урбаниот ритам на новата генерација.