Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
Цената на преспанското јаболко | Преспа? Разбуди се
Меѓу црвените насади на јаболка и синиот отсјај на Преспанското Езеро се одвива приказната за една земја, нејзините луѓе и природата што ги храни. Во срцето на Преспа, овоштарите со години го чуваат јаболкото – симбол на труд, традиција и опстанок. Но, зад блескавата боја на плодот се крие и неговата вистинска цена - тони отпад, затворена компостара и загадување на езерото. „Цената на преспанското јаболко“ е документарен филм кој ја истражува тенката линија меѓу економијата и животната средина, меѓу човечкиот труд и одговорноста кон природата. Преку искрените сведоштва на земјоделците, експертите и локалните институции, документарецот ја отвора темата за тоа како може да се најде рамнотежата меѓу јаболката и езерото. Документарниот филм го изработи Институтот за комуникациски студии (ИКС) во соработка со ТВ Сител во рамките на кампањата за управување со отпад во Преспанскиот регион „Преспа? Разбуди се за чиста средина“, која е поддржана од Европската унија преку програмата „ЕУ за Преспа“. Содржината е единствена одговорност на ИКС и не ги одразува нужно ставовите на Европската унија. Видете повеќе: -- Институт за комуникациски студии www.iks.edu.mk; www.respublica.edu.mk; www.reagiraj.mk; www.samoprasaj.mk; info@iks.edu.mk