Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
Копачка Драмче, Вида Илиевска Црква Шарена и Мирко Симоновски Останахме с,тата
21.11.2024- Аранѓелов ден, Драмче ПОЧИТУВАНИ ГОСТИ! ГЕОРГИ ГОЦЕ ДУРТАНОВСКИ, ДИМИТРИ КИРЈАКОВСКИ КОЛЕ БОРОВСКИ БРАНИСЛАВ СВЕТОЗАРЕВИЌ и други уважени гости! ДРАГИ СОБОРЈАНИ! Нема срце, што не растреперува кога ќе го слушне татнежот на тапанот со ритмите на „Копачката“. Во тој силен допир на душата, вистински се доживува нашето битисување од памтивек. Дури се везе орото Копачка и жари и пече и распламтура и гори и радува и боли и вознесува, замаглувајки го просторот од играта на собориштето, особено овде пред црквата на „Св. Архангел Михаил“. Со тој ист трепет, ние оснивачите и членовите на ЗФГ Копачка с. Драмче, Делчево, ја потпишавме согласноста за аплицирање и прогласување на автохтоното драмческо фолклорното добро, орото Копачката, за светско културно наследство. На денешен ден пред точно 10 години, нестрпливо ја очекувавме одлуката која се донесе на 27.11.2014 година, во Париз, на 18-та пленарна сесија на Меѓувладиниот комитетот на УНЕСКО за нематеријално културно наследство, Одлука за впишување на бисерот „Копачка“- соборско оро (машко и женско), од село Драмче, Пијанечки регион, во престижната Репрезентативната листа на УНЕСКО за нематеријални културни наследства на човештвото. Денес на овој голем ден за Вас драги гости и соборјани- драмчање, но и на сите пијанчани – македонци, овде и ширум светот, Ви го честитам овој голем празник – празник на животот пијанечки, на човекот, зашто човекот е фолклорот, човекот е Копачката и обичаите и соборите и свадбите и секоја друга радост. Радост што изблика од нашите дамари и не храни и пои, да опстојуваме пред нашите предизвици. Да ја славиме денес оваа радост со сите нејзини белези, нашите македонски корени и традиции, зашто без нив остануваме да бидеме никој и ништо. Сега да ги повикам нашите уважени гости да им доделиме Благодарници, за тоа што не удостоија со нивното присуство на овој за сите нас голем денешен ден. Драги тапанџии на Копачката, драги играорци, грмнети ги тапаните со нашата пијанечка изворна синфонија Копачката, нашата игра, која отсекогаш го отсликувала човекот и животот. Денес токму нив ги славиме... Грмете тапани.