Копачка Драмче, Смотри СОФАМ Источен возрасни 01.11.25

Смотри на СОФАМ за возрасни- Источен регион Смотрите се одржаа во Културниот дом Тошо Арсов во Виница, на кој покрај домаќините од ФА „Китка“ Истибања, настапија и АТМИ „Митко Алексов“ Кочани, КУД „Вера Јоциќ“ од М. Каменица, КУЗ „Карпош“ Крива Паланка, КУД „Ристо Донев“- учителот од Штип и ФА „Осоговски извор“, Оризари, Кочани. Извонредното претставување на ЗФГ КОПАЧКА с. Драмче, Делчево, го проследи многубројната публика и не ги штедеше аплаузите во текот на целиот наш настап. Мирко Симоновски настапи со изворна пијанечка песна „Ќе те питам штерко“ придружена на неговата тамбура, со иста таква песна „Отиде момко в ливаѓе“, настапи и Вида Илиевска- акапела, по што жените го изведоа орото „Копачката“ на тамбура, по што следуваше, езгијата на тапани, мешано оро „Циганчица“ на тапани и машките ора „Ситно“ и „Копачката“, чии што носители сме ние од ЗФГ КОПАЧКА с. Драмче, Делчево на ова национално и светско нематеријално културно наследство впишано во Репрезентативната листа на УНЕСКО, а беа изведени во инструменталната придружба на тапан со извонредниот Николче Петровски.

Смотрите также