Љубовни писма | ПичПрич гала настан 02.10.2021

ПичПрич, иницијатива за промовирање на женската усна историја, ве поканувa на својата традиционална гала вечер каде што ќе раскажуваме за еден од најстарите и најтрадиционалните начини на додворување – љубовните писма. Овогодишната тема на ПичПрич галата ќе го стави во фокус овој вид на комуникација, како и формите што ги добива низ дигиталната ера. Низ оваа призма ќе го разгледаме прашањето за согласноста, како и начинот на кој односите на моќ и доминација се провлекуваат низ ваквиот тип на изразување љубов во писмена форма. 📬 Од несмасни и скромно срочени реченички, до претенциозни висини на поетскиот израз, љубовните писма се насекаде и вешто се трансформираат и на интернет. Дали ова значи дека содржински се менуваат или едноставно се дигитализираат ќе слушнеме од нашите раскажувачки. 👉 Во сабота (2 октомври), со почеток од 20 часот, во дворот на „Куршумли ан“ нашите раскажувачки споделија приказни за највпечатливи љубовни писма коишто ги добиле или пак некому ги напишале. Нашите раскажувачки се: Марина Костова, Ивана Смилевска, Елена Гаговска, Катарина Ивановска и Маја Казакова. Настанот го модерираа Румена Бужаровска и Ана Василева. 💋 Овој настан се реализира во соработка со Тиииит! Инк. и со поддршка од Фондацијата Квина тил Квина. На видеото има опција за превод на англиски и албански јазик.

Смотрите также