Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
16. Оптимизам, очај и одговорност, со Румена Бужаровска *Meduza talks*
Третата сезона ја отвораме со Румена Бужаровска, нашата и ваша омилена пистелка и книжевничка, која во најмала рака го редефинираше значењето на зборовите „мојот маж“. Непосредно по издавањето на нејзиниот роман „Тони“, со Румена разговараме за културата на итност и како таа влијае на пишувањето, гаење на чувства на оптимизам и резилиентност среде растечка глобална безнадежност, медиумската изложеност, книжевноста како терапија и еден сомнителен уметнички одбор. Уживајте! Продукција: Платформа Медуза со поддршка на Heinrich-Böll-Stiftung e.V. Авторка: Калиа Димитрова Камера, аудио и монтажа: Студио Пиксел