Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
17. Од полетност кон посветеност, со Деница Чадиковска *Meduza talks*
Со Деница Чадиковска, која работи во ИРЛ - Истражувачката репортерска лабораторија од самите почетоци на организацијата, отворивме повеќе прашања отколку што затворивме, ама важно си поминавме прекрасно. Во оваа епизода, зборуваме за свесниот избор да се остане и создава во оваа земја, одговорноста на медиумите денес, растењето, трансформациите, меѓугенерациските размени и начините на кој таа (сѐ уште) ја негува посветеноста кон борбата за подобра иднина, отаде иницијалната младешка полетност. Продукција: Платформа Медуза со поддршка на Heinrich-Böll-Stiftung e.V. Авторка: Калиа Димитрова Камера, аудио и монтажа: Студио Пиксел