Пештерата Шаркова Дупка во Маврово | Природен подземен музеј што восхитува

Во првото видео од серијалот, ќе ве одведеме во срцето на Националниот парк Маврово, за да ја откриете магијата на пештерата Шаркова Дупка. Ви откриваме какви впечатливи пештерски украси има Шаркова Дупка: сталактити, сталагмити,  драперии, од кои повеќето поради почвата богата со железо, се со карактеристична црвеникаво-кафеава боја. Вниманието сигурно ќе ви го привлечат и лилјаците чиј дом е пештерата назима. Станува збор за еден од најмалите видови лилјаци на светот - мал потковичар, кој тежи само неколку грама и има должина на телото од 35-45 милиметри. Нашата екипа заедно со „домаќинот“ лиценцираниот туристички водич - Владимир Ѓорѓиоски од „Маврово 365“ го истражи овој природен бисер и го забележа секој негов неверојатен детаљ – од карактеристичните пештерски украси до уникатниот свет на лилјаците. Уживајте во нашето видео и инспирирајте се за ваша следна авантура и во првата прилика посетете ја Шаркова Дупка во Маврово! 2024 © Gostivarpress.mk Читајте нè на:
Следете нè на социјалните мрежи: Facebook - / gostivarpress.mk Telegram -
Instagram - / gostivarpress.mk

Смотрите также