ВРБЕН - Во прегратка на планината, во душата на зеленилото

Во оваа наша авантура домаќин ни‘ беше Бошко Билбиловски, човек кој си зацртал мисија да помага во промоција на селото, да организира разни настани во таа насока, да вложува труд за зачувување на традицијата, спецификите и обележјата на местото. Врбен е можеби единственото „живо“ село во Горна Река, во кое има стотина постојани жители, активно училиште и други услови за пристоен живот како за планинско местенце. Опкружувањето е идеално за бели дробови полни чист воздух и смирена душа од бескрајно зеленило. За хидроцентралата во Врбен сигурно сте слушнале, но ова село е надалеку познато и по успешниот астрофизичар Паскал Сотировски, професор на Сорбона во Париз, чии корени се токму тука. Во нашата видео сторија зборуваме и за него. Сѐ повеќе посетители го откриваат Врбен како природна реткост погодна за релаксација – совршен избор за викенд прошетка, релаксација или престој во руралнo-планинска атмосфера. И не е случајно – Врбен го заслужува секое внимание, а кога ќе го посетите еднаш постојано ќе му се навраќате! 2025 © Gostivarpress.mk Читајте нè на:
Следете нè на социјалните мрежи: Facebook - / gostivarpress.mk Telegram -
Instagram - / gostivarpress.mk

Смотрите также