Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
Влијанието на мултипла склероза во понатамошниот живот
МС е многу осетлива тема, дознајте го одговорот на следното прашање: „Дали лице со МС ќе биде способено непречено да го продолжи образовниот процес и понатаму да изгради професионална кариера?“. Одговара асс. д-р Бојан Бошковски од ЈЗУ Универзитетската клиника за неврологија, Скопје. Ова видео е дел од проектот насловен Виртуелен МС советник. Контактирајте не на: msmakedonija@gmail.com / nacionalnozdruzeniezams Национално здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза е доброволно, непрофитно, невладино и непартиско здружение на граѓани, формирано заради остварување, заштита, унапредување и усогласување на правата, потребите и интересите, како и вршење на дејности и активности со цел подигнување на јавната свест за мултиплата склероза. Нашата мисија и причина за постоење е искрената желба за помош и поддршка на лицата со МС и нивните негуватели, во подигнување на свеста кај јавноста и проблематиката по однос на МС, сериозен пристап, навремена дијагностика и навремен и соодветен третман со цел спречување на прогресијата и инвалидитетот, поддршка на пациентите, едукација по однос на правата на лицата со МС и промоција на нови достигнувања во медицината. За повеќе информации посетете ја веб страницата: