Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
Честопати пациентите со мултипла склероза се соочуваат со проблемот со главоболки. Науч. сор. д-р Николина Тановска од ЈЗУ Универзитетската клиника за неврологија, Скопје дава одговор на прашањето: „Имам константни болки во главата, нон стоп пијам апчиња за главоболки дневно и попладне се чувствувам неспобно и малаксано. Како би можел пациент со МС да го подобри справувањето со болеста и да се чувствува подобро?“. Ова видео е дел од проектот насловен Виртуелен МС советник. Контактирајте не на: msmakedonija@gmail.com / nacionalnozdruzeniezams Национално здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза е доброволно, непрофитно, невладино и непартиско здружение на граѓани, формирано заради остварување, заштита, унапредување и усогласување на правата, потребите и интересите, како и вршење на дејности и активности со цел подигнување на јавната свест за мултиплата склероза. Нашата мисија и причина за постоење е искрената желба за помош и поддршка на лицата со МС и нивните негуватели, во подигнување на свеста кај јавноста и проблематиката по однос на МС, сериозен пристап, навремена дијагностика и навремен и соодветен третман со цел спречување на прогресијата и инвалидитетот, поддршка на пациентите, едукација по однос на правата на лицата со МС и промоција на нови достигнувања во медицината. За повеќе информации посетете ја веб страницата: