Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
С02Е02 – Навреди и закани, кокошки, кози, овци и магариња | Радио Милева
Во оваа епизода на Радио Милева, трите Милеви ја анализираат природата на навредите и говорот на омраза преку коментарите што самите ги добиле откако се емитува поткастот. Гостин во студиото е актерот Ѓорѓи Јолевски, кој интерпретира селекција од коментарите. Милевите зборуваат за начините на кои се шират заканите и навредите на социјалните мрежи, зборуваат за тоа дали институциите реагираат, и нудат можни решенија и тактики за справување. Во рубриката „Во наше време“, Милевите анализираат текстови од екс-ју песни кои искажуваат „љубов“ кон мали девојчиња, а во рубриката „Враќање во реалноста“ го коментираат случајот на американскиот рапер Пи Диди. 00:00 Вовед: говор на омраза на социјални мрежи 03:38 Реагираат ли институциите на говор на омраза? 05:28 Пследици од говор на омраза 08:15 Начини на кои се шират закани и навреди и можни решенија 10:58 Како се дисквалификуваат феминистичките бранови? 12:45 Токсичната култура во реалноста и на интернет 15:40 Кои платформи се најагресивни? 16:59 Ѓорѓи Јолевски дел 1 21:03 На кои основи Милевите добиваат навреди? 22:29 Разлики во однесување на социјални мрежи 26:15 Што е тоа DARVO и други тактики за справување со говор на омраза 30:55 Ѓорѓи Јолевски, дел 2 32:38 Во наше време: екс-ју песни за љубов кон млади девојчиња 43:00 Враќање во реалноста: случајот со Диди