С02Е04 – Развод | Радио Милева

Во новата епизода на Радио Милева зборуваме на тема развод, застапувајќи ја позицијата дека добар развод е подобар од лош брак. Трите Милеви ги предизвикуваат општествените и институционалните норми кои по секоја цена го приоретизираат бракот, често стигматизирајќи го разводот како продукт на себичност или модерност. Во рубриката „Јазикот е отепувачка“ анализираме детски песнички или изреки за момчиња во кои се тематизира пенисот. Во рубриката „Во наше време“ анализираме цртани филмови и женските ликови во нив. Враќајќи се во реалноста зборуваме за пресудите во случајот на силувањето на малолетно девојче од страна на 13 мажи во Велес. 00:00 Вовед 00:45 Тема: Развод 05:00 Себични сопружници 10:30 Бракот треба да се заштити 15:33 Младите треба да се превоспитаат 21:15 Јазикот е отепувачка: песнички за пениси 31:40 Во наше време: цртани филмови 51:00 Враќање во реалноста: 13 мажи силувачи на девојче во Велес

Смотрите также