Копачка Драмче, Сентандреја 2015

Концерт со изведба на пијанечки изворен фолклор на Whitsun фестивалот- Меѓународен собир на нематеријално културно наследство во Сентандреја, Унгарија“ 23-25 мај/2015. Договорените содржини мошне успешно ги исполнивме во целост, од што сме задоволни и ние и домаќините Сканзен - Музејот на Отворено во Сентандреја. Покрај работилниците за изработка на ќемене, подница, детски свирчиња од врба и „виолина“ од пченка, како и промоција и дегустација на традиционална храна - јуфка, баница и зелник, два пати во денот имавме претставување на заштитеното добро, орото Копачката на главната сцена за танцување и тоа со однапред подготвенo сценарио за програма од половина час. Со цел да презентираме колку е можно повеќе од нашата автентична култура, оваа програма содржеше обредни песни, обичај на замесување на невестинска погача- „Плетеница“ и изведба на ората: „Копачка“, „Ситно“, „Церско“, „Тешко“, „Малешевско“, „За појас“, „Оптан-топтан“.

Смотрите также