Копачка Драмче, Настап на Малешево пее и танцува, Микрево, Струмјани, БГ на 05.10.2024

Со езгијата на тапаните, со ритмите на пијанечкиот изворен фолклор и исполнувањето на ората: „Церско“ со женска изведба и „Ситно“ и „Копачка“ со мажите, ја пленевме публиката на 19 МФФ „Малешево пее и танцува“, во Микрево, Струмјани, Република Бугарија. За прв пат настапуваме на овој фестивал и им благодариме на организаторите на фестивалот, за поканата и извонредната организација на оваа престижно меѓународно случување. Задоволството и предизвикот се дотолку поголеми за нас што ни се даде можност и овде да ги грмнеме тапаните на оваа наша пијанечка тапанџиска синфонија. И Овде да се доживее Копачката која претставува ехо на дамарите на жителите од Пијанец. Одекнаа тапаните што ја раскажуваат приказната за ова фолклорно добро Копачката, кое е национално но и светско културно наследство на УНЕСКО.

Смотрите также