Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
„Патот на Животот“ со о. Ивица Т. и Душко К. тема: За младоста, духовноста, верата и Црквата!
Видео од радио емисијата „Патот на Животот“. Темата: „За младоста, духовноста, верата и Црквата!“ е снимена на 16. 10. 2016 година. --- РАЗГОВОР ЗА ПАТОТ Се започнува кога си ПОДГОТВЕН, а дека си подготвен, знаеш од моментот кога имаш сознание да ИЗБЕРЕШ! Можеш да избереш, само ако сознанието е ЗРЕЛО а истото созреало додека внатре во себе си чезнеел за ВИСТИНАТА! Кога ќе се зачекори по ПАТОТ до ИЗЛЕЗОТ очите телесни не помагаат, слепи се тие за тоа! ИЗЛЕЗОТ се допира со внатрешната рака на умот раководен од духот а духот, тоа е свесноста за тоа дека ТИ си ТОА ШТО СИ! Да, тоа што СИ, тоа си ТИ, а духот е внатрешност и надворешност на текот животен, на тоа што си Ти! Да, тече духот, тече тој низ живите спирали, низ крвта, низ клетките, низ она што е видливо и од овој свет и низ она што е подарено од Творецот како сегашност и вечност во ист момент! Се започнува кога си ПОДГОТВЕН! А кога си подготвен започнуваш тоа што си ТИ да го расцутуваш и кога ќе се исполни времето цутот дава плод, а ПЛОДОТ си Ти, но онаков – како што Творецот те промислил за вечност!