АЦЕ РУСЕВСКИ (ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ - ЈУНИ, 1991 ГОДИНА)

Роден е на 21.11.1956 година во Куманово. Во богата боксерска кариера, потврдена низ многу репрезентативни настапи, турнири и првенства, има и две Олимпијади – Монтреал 1976 година и Москва 1980 година. Посебно се памети по успехот во Монтреал, кога помина пет кола и со бронзен медал во лесна категорија го заврши олимпиското деби. Како фаворит дојде на Олимпијадата во Москва, со големо меѓународно искуство, но по три кола не го повтори големиот успех затоа што беше оштетен од судиите и оствари пласман од 5-8 место во полувелтер категоријата. Беше запаметен како боксер со високи вредности, вистински фајтер кој имаше и успешна професионална кариера. Член е на Клубот на Великаните на МОК од 1999 година.

Смотрите также