Велигденски концерт - Кичево 2023

Животворните зраци на Христовата победа над смртта одново ја озаруваат вселената. Веста дека Христос Воскресна денес повторно ги топли и радува сите луѓе и Божествената сила која се излеа од празниот Гроб во Ерусалим и ја објави насекаде победата на животот, како светлоносен факел ги обзема душите и ја разгорува кај сите искрата на верата, надежта и љубовта. Среде тоа пасхално ликување, на голема радост за кичевчани, втора година по ред, во просториите на Центарот за Култура на Кичево, се одржа Велигденскиот концерт, во организација на Здружението на млади за заштита на народното и духовно наследство „Митрополит Козма Пречистански“.

Смотрите также