Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
Метох" документарен филм / 20 минути Република Македонија Дваесетминутниот документарец е сниман во македонските манастири „Св. Јован Крстител", познат како Бигорски манастир и во женскиот манастир „Св. Ѓорѓи Победоносец" во Рајчица, покрај Дебар. Терминот „метох" означува имот во владение на некој манастир, а манастирот во Рајчица, каде е снимен најголем дел од филмот, е метох на бигорскиот манастир. Филмот прикажува дел од секојдневието на македонската монашка заедница и мотивите кои инспирирале некои од нејзините членови да ја донесат одлуката за замонашување. „Метох" зборува за радоста, едноставноста и за љубовта кон Бога. Режија: Стојан Вујичиќ; Сценарио: Наташа Бунтеска; Продуцент: Огнен Антов; Директор на фотографија: Емил Јовановски. Езоп продукција Дрим Фактори продукција