Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
Врсничко насилство: Вербално насилство | Светот на Биби
Вербалното насилство е тип на врсничко насилство кој сé почесто е застапен во училиштата. Истиот вклучува упатување и изјавување на непристојни коментари во форма на подбивање, навредување, потсмевање, закани, забрани и слично. Ваквото однесување може да предизвика долготрајни последици и кај децата - жртви и кај децата - сторители. Од огромна важност е да бидеме свесни за неговата присутност и застапеност во секојдневието на нашите деца и отворено да разговараме со нив за овој проблем. За повеќе информации посетете ја официјалната веб-страница на кампањата Општествено одговорна кампања на #Макпетрол . #КрениГласПротивВрсничкоНасилство Влезете во магичниот свет во кој креативноста, учењето и забавата се спојуваат! Во „Светот на Биби“ создаваме оригинална едукативна и забавна содржина на македонски јазик. Нашиот канал нуди анимирани приказни, едукативни видеа, песнички и забавни активности кои ја инспирираат имагинацијата и љубопитноста кај секое дете. Од возбудливи авантури со нашите омилени ликови до едукативни лекции што го прават учењето забавно, „Светот на Биби“ е вашата дестинација за квалитетна содржина која ја сакаат и децата и родителите. Без разлика дали се работи за раскажување приказни, пеење или креативни ракотворби, секогаш има нешто ново и возбудливо за откривање. Придружете ни се на ова магично патување и не заборавајте да се претплатите за да бидете во тек со нашите најнови видеа. Да го направиме учењето магично искуство! Претплатете се - / @svetotnabibi #СветотнаБиби #БибииБоби #СказнитеНаБиби