Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
Во оваа епизода зборувам малку повеќе на тема „советување“, т.е. што е важно да знаеме кога даваме или кога добиваме совети во врска со доењето. Особено кога се соочуваме со проблеми и предизвици во доењето - професионалната поддршка игра најголема улога во тоа како и дали ќе ја постигнеме нашата цел и како, кога и дали воопшто ќе ги надминеме проблемите кои нѐ мачат. Зошто е важен индивидуалниот пристап во доењето (во споредба со прашања поставени на интернет групи, на форуми и сл.) и колку е едукацијата важна а често занемарена - дознајте во оваа епизода!