Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
„Ѕвездена лектира“пристигна во нашето училиште ООУ „Блаже Конески“ Прилеп
ООУ Блаже Конески“ Прилеп „Ѕвездена лектира“ пристигна во нашето училиште Убаво е кога се патува на крилата на бајките, но воопшто не е лошо и кога гледаме низ очилата на поезијата! На 30-ти мај 2025 година современиот српски поет Власта Цениќ направи промоција на книгата „Ѕвездена лектира“ во препев на македонски од нашиот сограѓанин, новинар и поет, Филип Димкоски, ексклузивно само во нашето училиште. Професорот во пензија и познат поет Власта Цениќ до крај го држеше вниманието на присутните, но и домаќините оставија силен впечаток врз гостите, благодарение на организацијата и модерацијата на библиотекарката Вера Искова. Настанот со свои точки и изработки го збогатија училишниот хор под раководство на наставничката Маја Кузманоски, Весна Арсиќ, Катерина Димкоски, Горан Дукоски и Габриела Стевананџија, со своите ученици а свој придонес и поддршка дадоа и наставничките Даниела Стефаноска, Виолета Христоска, Ана Бошкоска, како и тимот на стручни соработници Жаклина Гегоска, Ана Талеска и Емилија Димеска.