Чудесна МАКЕДОНИЈА - Ретки природни вредности со проф. др. Јане Ацевски

Документарна емисија од серијалот „Чудесна Македонија„ снимана и продуцирана од Македонската Телевизија - МТВ во пролетта 2024 со проф. др. Јане Ацевски , во емисијата е прикажан Резерватот Плоче – Литотелми еден од вкупно двата строги природни резервати во Македонија, но и единствениот кој во моментов е репрогласен за таков според последниот Закон за заштита на природата. Лоциран e на планината Герман. Е раритет на подрачјето на Македонија и претставува уникатен спој на нашето геолошкото и природното наследство. Рано напролет, литотелмите се исполнуваат со вода, како резултат на топењето на снегот и на пролетните дождови. Во овие минијатурни слатководни екосистеми се развива уникатна акватична фауна. Организмите што се развиваат во литотелмите се нарекуваат телматобионти, народски познати како самовилски ракчиња затоа што се прилагодени за живот во такви екстремни услови, успевајќи притоа да се развијат брзо и за многу краток временски период да обезбедат потомство, во форма на резистентни (латентни) јајца. Литотелмите како специфични природни живеалишта и акватичната фауна што се развива во нив се изразито сензитивни и на најмали промени во животната средина. Од тие причини Европската Директива за живеалишта овој тип на биотопи го вклучува на листата на „Приоритетни природни живеалишта“. Во емисијата се прикажани Мокро Езеро (познато и како Карпинско Езеро) и помалото Суво езеро. — природно езера од вулканско-денудациско потекло на планината Козјак во близината на Карпинскиот манастир во североисточниот дел на Македонија. Во атарот на селото Орах во вдлабнатина - туф од вулканско потекло, на западните падини на планината Козјак, на надморска височина од 935 метри помеѓу ридовите Шаркова Корија (956 м) на запад и Манастирска Корија (1016 м) на исток, северно од Карпинскиот манастир.

Смотрите также