Софка Камилоска - Готвењето и Гејмингот ми се пасија - Дебели Гикови С02Е25

Софка Камилоска - Готвењето и Гејмингот сѐ работите во кои сум најдобра - Дебели Гикови С02Е25 🔴 ДОСТАПНА ЗА ГЛЕДАЊЕ 🔴 ЛИНК ВО БИО 🔴 Во оваа епизода Дебелите Гикови имаа чест да разговараат со една од најпознатите и најпочитувани женски шефови на кујна. Се работи за прекрасната Софка Камилоска која што ќе ве однесе на тричасовно патешествие низ светот на готвењето, нејзиниот животен пат, нејзината најголема пасија гејмингот, но и работи кои што не сте ги знаеле за нејзе до сега. Со Софка навлеговме во длабоки разговори за тоа како функционираат рестораните, што значи да се води кујна и тим од луѓе, и што го прави едно гастрономско искуство незаборавно. Нејзиното патување е полно со страст, напорна работа и неочекувани моменти. Дали сте знаеле дека Софка е страствен гејмер?! Оваа епизода не е само за готвење. По сите приказни за храната, менуваме тема и преминуваме во цел саат разговор за поп култура. Од омилените игри и филмови, до култни серии и нови премиери, дозволуваме разговорот природно да тече. Ова е една опуштена и искрена епизода, совршена за сите кои сакаат храна, култура, креативност и добар разговор. Без разлика дали сте фан на фајн дајнингот или само сакате добра животна приказна – тука ќе најдете нешто за себе. Фала ви што слушате – не заборавајте да оставите лајк, коментар и да се претплатите ако ви се допаѓа тоа што го правиме. Имаме уште многу интересни гости и разговори кои доаѓаат наскоро! 📺 Секоја недела нова епизода ексклузивно на YouTube каналот: Дебели Гикови 🎙 Дебели Гикови Подкаст Powered by: GoblinGamesMK, FatKitchen Birstro, CineplexxMK и Стрип Трип Фестивал 0:00 - СТАРТ + Најава на гостин 00:03:00 - Пробување храна од Фет Кичен 00:05:30 - Софка повеќе не е во Ботаника 00:07:00 - Душата ми е во Галичник 00:21:00 - Туризам во Галичник 00:25:00 - Први почетоци со готвењето 00:30:00 - Професионална Одбокајрка 00:40:00 - Работа на Крузери 00:49:00 - Хиерархија во Кујна 1:05:00 - Почетоците на Ботаника со Дани 1:18:00 - Мишелин и Фајндајнинг ресторани 1:37:00 - Модуларна кујна 1:46:00 - Што најдобро готви Софка 1:51:00 - Визитинг Шеф 2:03:00 - БОТАНИКА 2:20:00 - РЕКЛАМИ 2:22:00 - Муабети за Гејминг и Попкултура 3:14:00 - KРАЈ

Смотрите также