„Академија на Албанците“: „Вреди“ почнува општинско финансирање, за ДУИ е импровизирана креација

Општините кои ги водат кадри на „Вреди“, инаку четири на број, веќе договориле да издвојуваат пари за невладината организација со амбиција да прерасне во „Академија на науки на Албанците“ во буџетите за следната, 2025 година. Колку пари ќе одвојуваат и како ќе се спроведе финансирањето, допрва ќе се утврдува „Вреди“ се засега осамени во поддршката. Нивните коалициони партнери во владата и натаму сметаат дека има една Академија на науките и уметностите во земјава и дека таа е за сите. Така смета и опозициската Демократска унија за интеграција од каде порачуваат дека е потребна борба за соодветна застапеност на Албанците во МАНУ, а не „паралелни политички импровизирани креации“

Смотрите также