Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
Леб од кисело тесто - гастрономски сувенир од Охрид
Овој леб е единствен како и Охрид. Може да се најде во охридските ресторани и во работилницата на Весна Миленкоска. Благодарение на нејзината страст и мајсторство овој мек и крцкав леб сега е соствен дел од гастрономската карта на Охрид, покрај ѓомлезето и ѓевречето.