Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
Прекарните работници и вработените на определено време останаа незаштитени и во време на криза
Во кризата предизвикана од пандемијата, останаа незаштитени и прекарните работници, хонорарци и фриленсери, како и тие што се вработени со договори на определено време. Во видеото се прикажани предлозите на Хелсиншкиот комитет за човекови права за измени на Законот за работните односи, со кои би се унапредиле правата на овие групи работници.