Сайт использует сервис веб-аналитики Яндекс Метрика с помощью технологии «cookie». Пользуясь сайтом, вы даете согласие на использование данной технологии.
Сара Мејс и Димитар во РеТрн ДУО: Кој менува најмногу пелени по дома? Во новата епизода на РеТрн ДУО ни гостуваат пејачката Сара Мејс и водителот Димитар Атанасовски, но овој пат со специјална улога на нивниот син, малиот Кирил! По дома, мама и тато се оние кои најчесто читаат приказни, но сега – Кирил реши да ги изненади и да им прочита приказна тој на нив! Колку ова беше успешно и дали Сара и Димитар издржаа до крај – ќе откриеме заедно! Како како овој пар се запознал, што е она што најмногу го сакаат еден кај друг, но и што понекогаш ги вади од такт. Ќе откриеме и кој менува најмногу пелени по дома (или кој најдобро бега од таа задача), кои се нивните скриени таленти и што најмногу на свет сакаат да прават Сара и Димитар. Ако Сара не беше музичарка – која би била нејзината професија? Не ја пропуштајте новата епизода на РеТрн ДУО!